Езѓан Алиоски доби само десетина минути игра за Фенербахче во мечот со Адана Демирспор, но и тоа му беше доволно да постигне прекрасен гол за потврда на 4:2 победата на својот тим.
Фенер имаа 3:0 водство на мечот по двата гола на Енер Валенсија и обидот на Миха Зајц, но гостите се вратија во игра со головите на Белханда и Ѕјуба, пред Алиоски во 80. минута да влезе во игра и четири минути подоцна да блесне.
Ezgjan Alioski ?
— Tek Yol FENER (@TekYolFener) August 22, 2022