Езѓан Алиоски постигна нов гол за својот нов клуб, Ал-Ахли, но тие и во петтото коло во шампионатот на Саудиска Арабија одиграа петто реми, овојпат 1:1 со Ал-Фатех.
Македонскиот репрезентативец во 15. минута доби шанса да го изведува пеналот, и не згреши, но гостите израмнија само пет минути подоцна преку Ал-Бураикан. До крајот на мечот, гостите дадоа уште еден гол, кој беше поништен од ВАР системот.