Top Sport

Алиоски со „пауните“ им го собра пленот на „лисиците“ на Роџерс

Голем гостински триумф попладнево на Лидс Јунајтед на „Кинг Пауер“ против Лестер со 3-1. Марсело Биелса го надмудри колегата Брендон Роџерс, а Езџан Алиоски (кој ги одигра сите 90 минути) и другарите беа подобриот противник на мечот.

Барнс уште во 13 минута ги доведе домашните во водство од 1-0, но по само 2 минути Далас израмни на 1-1.

Во второто полувреме Бамфорд постигна погодок за 1-2 (имаше и 2 асистенции на мечот), а конечните 1-3 ги постави Харисон во 84 минута од мечот.

Поседот на топката беше израмнет, а домашните упатија двојно повеќе удари кон голот на противникот.

Лестер по неуспехот останува трет на табелата со 39 бода, два помалку од второпласираниот Јунајтед, додека Лидс останува 12-ти со 29 поени.

Scroll to Top