Македонија стигна до рано водство од 1:0 на гостувањето кај Исланд во меч од квалификациите за СП 2022, откако првичниот притисок се исплатеше во 11. минута, кога Дарко Велковски ги донесе „рисовите“ во водство.
По убаво изведениот корнер на Езѓан Алиоски, Велковски се најде на вистинското место и со удар со глава го измами исландскиот голман.