Езѓан Алиоски полека се враќа во форма и ја оправда довербата на новиот менаџер на Лидс јунајтед, Пол Хекингботом, откако веднаш по влегувањето во игра во дуелот од Чемпионшип против Дерби каунти, постигна гол за 1:2 водство, кое гостите го загубија во финишот на натпреварот и се задоволија со 2:2 реми, за нивни деветти натпревар без победа.
Лидс водеше со 0:1 против четвртопласираниот во втората англиска лига, Дерби со голот на Пјер-Мишел Ласога, пред домаќините да израмнат во истекот на 45-тата минута преку Андреас Вајман.
GOAL: Derby County 1, Leeds United 2 (Alioski 79) pic.twitter.com/1GSggqK8oN
— Marching On Together (@motforum) February 21, 2018
Алиоски доби шанса во финишот како замена за Пабло Ернандез, и во првиот допир со топката, дојде во шанса. Саиз му направи шанса на македонскиот репрезентативец, и иако тој не успеа во првиот обид, потоа со глава го совлада противничкиот голман. Лидс не успеа да издржи во финишот на натпреварот и прими гол во 92. минута за да им избега победата.
За Алиоски ова е шести погодок во Чемпионшип оваа сезона, од кои дури пет ги даде на гостински терен.
Лидс се на 11. место во Чемпионшип со осум поени од местата кои носат бараж за пласман во Премиер лигата.