Top Sport

Де Хеа го „спасуваше“ Јунајтед во Андалузија (видео)

Манчестер јунајтед не успеа да импресионира на гостувањето на „Рамон Санчез Писхуан“, но на крајот извлече позитивни 0:0 против Севилја во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Ѓаволите“ имаа среќа што на голот го имаа фантастичниот Давид де Хеа, кој посебно блесна во првото полувреме и е најзаслужен што тимот на Жозе Мурињо не си замина со пораз пред реваншот.

Откако го навлече бесот на навивачите оставајќи го Пол Погба на клупата, Мурињо бргу требаше да ја менува тактиката, откако по 13 минути игра се повреди Андер Ерера, и Французинот, со кого Мурињо имаше неколку конфликти доби шанса за игра.

И покрај Погба, Јунајтед имаа помал посед на топката во првото полувреме и тимот на Винченцо Монтела беше поопасен во нападот. Рамнотежата се врати во второто полувреме, но и тоа не беше доволно за победа, откако голот на Ромелу Лукаку беше поништен поради фаул.

Scroll to Top