Top Sport

Алисон Бекер е стрелец за Ливерпул во 95. – шансата за ЛШ е жива!

Во манир на врвен стрелец голманот на Ливерпул Алисон Бекер е херојот на „црвените“ на гостувањето кај ВБА во 36 коло од Премиерлигата.

Се играше 95 минута од мечот, при резултат 1-1 кога по еден корнер од левата страна бразилскиот голман се најде на вистинското место и рутинирано ја смести топката зад грбот на колегата на противничкиот гол.


Овој гол на Алисон носи 3 бода кои Ливерпул се уште го држат во живот за пласманот на четвртата позиција на табелата која носи пласман во ЛШ идната сезона.

Инаку Ливерпул иако имаше доминација на овој натпревар против тимот кој од поодамна е нов член на Чемпионшип не успеваше да создаде резултатска предност.

1-0 поведе ВБА во 15 минута преку Робсон Кану, а на 1-1 израмни Салах со погодокот во 33 минута.

На две кола до крајот на Премиерлигата Ливерпул е петти на табелата со 63 бода само 1 поен помалку од Челси кој е на таа фамозна 4. позиција.

Scroll to Top