Top Sport

Алисон е пред сите во Бразил

Најдобриот фудбалер на Бразил за 2019 година е голманот на Ливерпул, Алисон Бекер. Во изборот што го организираше Фудбалскиот сојуз на оваа држава најскапиот играч во светот, Нејмар, завршил на петтото место.

Алисон Бекер е играч на годината во Бразил, од новинарите тој добил 35,54 отсто од гласовите. Во изборот за најдобар фудбалер на Бразил доминираат играчите на Ливерпул, покрај Алисон во првите пет се Фабињо и Фирмино.

Голманот на Ливерпул ја заслужи оваа наградата бидејќи со „црвените“ ја освои Лигата на шампионите, а со националиот тим го освои трофејот на копа Америка. Исто така тој беше прогласен за најдобар голман во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Бразилците ги изненади лошиот пласман на Бејмар, кој добил само 7,57 отсто од гласовите на новинарите и завршил на петото место.

Пред Нејмар се Фабињо, Тијаго Силва и соиграчот на Алисон и Фабињо, Роберто Фирмино.

Scroll to Top