Top Sport

Дејна Вајт: Ако Фергусон се откаже, тогаш ќе имаме Конор-Хабиб, втор дел

Иако самиот Хабиб Нурмагомедов ја отфрли таквата можност, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт вели дека Конор Мекгрегор би бил совршена замена за мечот во април, доколку повторно се откаже дуелот на шампионот со Тони Фергусон.

Нурмагомедов и Фергусон треба да се сретнат во април, откако тој меч се закажува по петти пат, бидејќи претходно поради повреди и други околности беа откажани четирите пресметки. Очигледно, Вајт, како добар бизнисмен, има „план Б“ доколку Фергусоон повторно се повлече, најавувајќи дека Конор Мекгрегор би добил шанса за одмазда за поразот од Хабиб во октомври 2018 година. Ирецот се враќа во кафезот против Доналд Серон за неколку недели.

„Конор сака да се бори трипати во 2020 година. Се надева дека ако го победи Каубоецот, ќе добие меч со Хабиб, но тајмингот не е најдобар.Планот е да има дуел Хабиб-Тони, но доколку тој меч повторно се откаже, тогаш мислам дека Конор ќе биде подготвен“, изјави Вајт во интервју за „ЕСПН“.

Scroll to Top