Top Sport

Алисон си заминал со инвалидска количка, го пропушта Суперкупот

Јирген Клоп и Ливерпул по денешните тестови ќе дознаат колку ќе отсуствува нивниот прв голман Алисон Бекер, откако тој доби посериозна повреда во првиот меч од новата сезона во Премиер лигата, 4:1 победата над Норич.

Алисон излезе во 39. минута од мечот држејќи се за потколеницата откако се лизна уфрлајќи топка во игра. Новото засилување Адријан влезе на неговото место само четири дена откако пристигна на „Енфилд“, и извештаите од Англија велат дека на Алисон му била потребна инвалидска количка да си замине од стадионот. Клоп потврди дека Алисон сигурно не игра во УЕФА Суперкупот против Челси во Инстанбул во среда.

„Треба да видиме колку е сериозна повредата и како ќе се справиме со тоа. Тој не можеше да продолжи и тоа не е добар знак. Во среда нема да игра сигурно, тоа можам да го кажам со искуството кое го имам“, изјави Клоп.

Scroll to Top