Top Sport

Алисон „удри“ по одбраната на Ливерпул: Научија како играме

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер ги критикуваше сопствените одбранбени играчи, откако по 2:1 поразот од Манчестер јунајтед, „црвените“ го имаат најлошиот старт на една премиерлигашка сезона во последната деценија, и се на 16. место на табелата.

При првиот гол на Јунајтед во понеделникот, Џејмс Милер беше во расправија со Виргил ван Дајк, сметајќи дека Холанѓанецот бил неподготвен за обидот на Џејдон Санчо, и Алисон смета дека противничките тимови прелесно го користат стилот на игра на Јирген Клоп за да дојдаат во позиција за гол, откако трет меч едноподруго, противниците први постигнуваат голови.

„Тимовите кога играат против нас, знаат како играме и го користат тоа против нас. Во повеќето ситуации, тоа ни одговара, но понекогаш сме казнети, како сега. Мораме да бидеме подобри во одбраната, но бидејќи сме одамна заедно знам дека е возможно. Како да го смениме? Со односот во текот на мечот. Знаевме дека ќе играат брзо и се подготвивме, но понекогаш треба да го смениме пристапот и да се адаптираме на играта. Сите се согласуваме дека треба да бидеме попостојани, да се вратиме на мечевите во кои не примаме голови“, вели Алисон.

Scroll to Top