Top Sport

Лестер и третпат ги одбија Челси за Фофана – ниту 70 милиони фунти не се доволни

Лестер ја одбиле и третата понуда на Челси за дефанзивецот Весли Фофана, овојпат од фантастични 70 милиони фунти, порачувајќи дека остануваат на рекродната цена од 80 мииони фунти, јавува „Дејли телеграф“.

Втората понуда на Челси беше околу 65 милиони фунти, но Лестер не се подготвени за преговори, ниту за попуст за 21-годишниот Фофана, барајќи рекорден трансфер за еден дефанзивец.

Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс потврди дека го оставил Фофана и Јури Тилеманс (кој е пред трансфер во Арсенал) на клупата при 2:1 поразот од Саутемптон, бидејќи двајцата не биле „ментално подготвени“ да дадат максимум за клубот.

Scroll to Top