Top Sport

Алисон: Ван Дајк ги плаши противничките фудбалери

Бразилскиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер вели дека дефанзивецот Виргил ван Дајк е „големиот човек“ на „Енфилд“ и присуството на Холанѓанецот на теренот ги плаши притивничките фудбалери.

Холандскиот бек беше прогласен за фудбалер на сезоната во Премиер лигата по импресивната сезона во која играше во сите натпревари за второпласираните Ливерпул, а беше и клучен човек во освојувањето на шестата европска титула на „црвените“ по 2:0 победата над Тотенхем, каде што беше прогласен за најдобар играч на финалето.

Алисон вели дека влијанието на 27-годишниот Ван Дајк е огромно.

„Тој дава многу самодоверба на своите соиграчи. Кога ги имата Виргил ван Дајк, џинот, на теренот, и противниците се плашат. За мене тој е посебен фудбалер. Имам одлични дефанзивци пред мене – Жоел Матип, Џо Гомез, Дејан Ловрен. Сите завршија одлична работа, но Виргил е нешто посебно. Тој е големиот човек“, вели Алисон.

Scroll to Top