Top Sport

Мишел Платини уапсен за давање на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини е уапсен во Нантер, предградието на Париз поради одлуката да се додели Светското првенство во фудбал во 2022 година на Катар.

Поранешниот капитен на француската репрезентација е приведен од страна на француската полиција како дел од истрагата во одлуките на ФИФА, посебно доделувањата на СП на Русија во 2018 и на Катар во 2022 година.

63-годишниот Платини беше претседател на УЕФА од јануари 2007 до 2016 година кога самиот се повлече откако доби суспензија од шест години за примање на парични средства од ФИФА, тогаш под водство на контроверзниот Сеп Блатер. Оваа суспензија беше намалена на четири години и тој најави враќање во фудбалот.

Scroll to Top