Top Sport

Алкантара во аут шест недели

Ливерпул загуби два бода, против Фулам (2:2) и остана без Тиаго Алкантара. Шпанскиот репрезентативец ќе мора на принудна пауза поради повредата, поради која не го заврши првиот во новата сезона, во Премиер лигата.

Алкантара, поради повреда на тетивата ќе отуствува од терените во наредните шест недели.

Повредата на Алкантара е дополнителен проблем за Јирген, од претходно на листата на повредени играчи се наоѓаат Куртис Џонс, Конате, Жота, Цимикас.

Тиаго сигурно ќе ги пропушти првенствените натпревари против Кристал Палас, Манчестер јунајтед, Борнмут, Њукасл, Евертон, Вулвс и Челзи, а нема да биде во тимот ниту на отварањето од Лигата на шампионите на 6.септември.

Се очекува Тиаго да се врати дури по репрезентативната пауза, која започнува на 19. септември, што значи дека би можел да игра на 1.октомври против Брајтон.

Scroll to Top