Top Sport

Алмерија ја победи Севилја

Алмерија ја совлада Севилја со 2:1, во малото дерби на Андалузија. Алмерија ја запиша првата победа во сезоната, додека Севилја го забележа и вториот пораз. Во првите три кола екипата на Севилја освои само еден бод.

Алемрија, фаворизираниот противник успеа да го победи со пресврт, откако Оливер Торес во 30.минута и донесе предност на Севилја.

Играчот на мечот Рамазани во 42.минута го израмни резултатот, а во 55.минута Нигериецот Садик го постави конечниот резултат.

Севилја во наредната рунда ќе ја пречека Барселона, а Алмерија ќе гостува во Ваљадолид.

Scroll to Top