Фудбалерот на Њукасл, Мигел Алмирон го продолжи договорот со клубот до јуни 2024 година.
Парагвајскиот фудбалер пристигна во Њукасл во јануари 2019 година од Атланта јунајтед и одигра повеќе од 150 натпревари за тој клуб во сите натпреварувања.
Тој е најдобар стрелец на Њукасл оваа сезона со 10 гола на 23 натпревари во Премиер лигата.
Њукасл, во недела ќе се бори со Манчестер јунајтед за трофејот во Лига купот. Овој трофеј Њукасл го нема освоено од 1969 година.