Top Sport

Алонсо ќе го продолжи договорот со Челси

Преговорите помеѓу Челси и левиот бек Маркос Алонсо влегуваат во завршната фаза. Шпанецот, чии актуелен договор со „сините“ истекува за две години, во наредниот период треба да потпише нов договор.

Алонсо по доаѓањето од Фиорентина се наметна како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, поради што го привлече вниманието на шпанските гиганти Реал и Барселона.

Меѓутоа токму за шпанските медиуми тој рекол дека има намера да остане во Лондон.

„Сречен сум во Челси, а очигледно дека и клубот е задоволен бидејќи ми понудија да го продолжам договорот, иако актуелниот ми истекува за две години. Разговаравме на таа тема, преговорите се при крај и доколку се мине како што очекуваме новиот договор ќе го потпишам во наредните денови“, изјавил за „АС“, левиот бек.

Маркос Алонсо за Челси одиграл 91 натпревар и постигнал 15 гола. Со добрите игри во Челси го заслужи повикот и во шпанската репрезентација.

Scroll to Top