Top Sport

Алонсо објасни зошто ги одбил Баерн и Ливерпул

Една победа ги дели Чаби Алонсо и Баер од Леверкузен од историската прва титула во Бундес лигата. Матеметички титулата можат да ја оебзбедат в недела, на домашен терен против Вердер.

Шпанскиот стручњак заврши одлична работа и беше првиот пик и на Ливерпул и на Баерн кои по завршувањето на сезоната ќе останат без своите тренери, Јирген Клоп и Томас Тухел.

Сепак, тој ги одби сите понуди и реши да остане во Леверкузен, со кој сезонава нема ниту еден пораз.

„Има многу причини зошто останав. За само една година создадовме вистински тим со неверојатен дух. Играчите побараа од мене да останам и тоа беше одлуката. Тие се тој магнет“, изјави Алонсо.

Чаби смета дека овој тим се уште не го достигнал својот врв.

„Се чувствувам како дел од клубот и мислам дека е рано да си заминам по само една година. Не е вистинското време“, изјави Алонсо.

Scroll to Top