Top Sport

Алонсо подготвува чистка во Реал

Чаби Алонсо закажал состанок со пет играчи за 4 август. Според тврдењата на шпанските медиуми, ќе им каже дека повеќе нема место за нив во клубот. Станува збор за Родриго, Ферланд Менди, Давид Алаба, Дани Себаљос и Ендрик.

Како што пишува „АС“, Реал е отворен за продажба на Родриго, Менди и Алаба, додека сè уште постои одредена неизвесност околу Себаљос и Ендрик. Одлуката треба да биде онесена по состанокот со Алонсо.

Најголем „проблем“ во соблекувалната наводно е Давид Алаба, кој не сака да го раскине договорот, а заработува дури 22,5 милиони евра годишно. Според извештаите, тој е еден од оние на кои Алонсо дефинитивно не смета.

Најблиску до заминување е Бразилецот Родриго. Многу европски гиганти се заинтересирани за него, а најконкретен е Арсенал.

Ова лето, Реал Мадрид се впушти во сериозна реконструкција на тимот. Одбраната беше значително зајакната со доаѓањето на Дин Хујсен, Алваро Карерас и Трент Александар-Арнолд. Пристигна и младиот напаѓач Франко Мастантуоно, додека Лука Модриќ, Лукас Васкез и стоперот Хесус Ваљехо го напуштија клубот.

Фото/ Принскрин

Scroll to Top