Top Sport

Алонсо се сели во Барселона

Во наредните 48 часа треба да биде комплетиран трансферот на Маркос Алонсо на „Ноу Камп“. Преговорите меѓу Барселона и Челзи, околу трансферот на 31 годишниот лев бек се во завршна фаза. Мали детали го делат Алонсо од пописот на договорот со Барселона.

Барселона за Алонсо на Челси ќе му плати 10.000.000 евра. Алонсо во Барселона ќе му биде замена на Џорди Алба. Челси реши да му дозволи на искусниот фудбалер да го напушти клубот откако го реализираше рекордниот трансфер на Марк Кукуреља од Брајтон.

Маркос Алонсо за Челси од 2016 година, настапи на 154 натпревари, на кои постигна 25 гола.

Scroll to Top