Top Sport

Алварез и официјално е фудбалер на Атлетико Мадрид

Атлетико го официјализира трансферот на Хулијан Алварез. 24-годишниот Аргентинец потпиша петгодишен договор со „јорганџиите“. Атлетико за Алварез на Манчестер сити му плати 75 милиони евра во кеш, плус потенцијални 20 милиони преку бонуси.

Во претходните две сезони за Манчестер сити во сите натпреварувања, Алварез постигна 36 гола и имаше 18 асистенции на 103 натпревари.

Во 2022 година Сити го донесе од Ривер Плата за 20 милиони евра.

Во дресот на „граѓаните“ ва пати ја освои Премиер лигата, а по еднаш Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и ФА купот.

Новиот член на Атлетико постигна девет гола на 36 натпревари за Аргентина, а со репрезентацијата беше светски првак во 2022 година и победник на Копа Америка минатиот месец.

Алварез е вториот најскап трансфер во историјата на Атетико, пред него е само Жоао Феликс за кого клубот во 2019 година плати 126 милиони евра.

Scroll to Top