Top Sport

Алваро Мората проговори за судиите и Реал Мадрид

Алваро Мората во кариерата играше за Реал, а сега го носи дресот на градскиот ривал Атлетико. Во изјава за шпанските медиуми тој меѓу редови кажа дека судиите поинаку ги третираат играчите на Реал Мадрид во споредба со играчите од другите шпански тимови.

Со години во Шпанија се води полемика дали Реал Мадрид и Барселона се заштитени од судите, а на тоа на некој начин одговор даде и Алваро Мората.

„Дали судиите ве третираат во Атлетико исто како во Реал Мадрид?“, го прашаа Мората, а тој одговори:

„Го знаете одговорот, како и сите други“.

Да потсетиме, 30. годишниот Мората кариерата ја започна во Реал Мадрид и забележа 95 настапи за„ кралскиот клуб“, а подоцна играше за Јувентус и Челзи пред да се врати во Шпанија и да потпише за Атлетико.

Тој игра одлично оваа сезона и веќе постигна седум гола на осум натпревари за Атлетико. Неодамна му даде два гола на Реал во победата од 3:1 во градското дерби што се одигра на „Сивитас Метрополитано“.

Што се однесува до приказната за судиите, во Шпанија се познати разни скандали и тие најмногу се однесуваат на Барселона и Реал Мадрид.

Scroll to Top