Top Sport

Алвес ја бакнува тревата на „Ноу Камп“ – колегите воодушевени

Најтрофејниот фудбалер во историјата на фудбалот, Бразилецот Дани Алвес во 38-та година од животот, по 5 години откако си замина од Барселона повторно се врати во клубот.

Доцна синоќа имаше еуфорична објава на Инстаграм – фотографија како ја бакнува тревата на „Ноу Камп“ и статус:

„Пет години се борев како луд за овој момент. Не знаев дека ќе ми треба толку долго време, не знаев дека ќе е толку тешко, но во срцето и душата знаев дека овој ден ќе дојде. Се враќам во куќата од која никогаш не ни отидов и како што реков кога заминував: Јас сум еден од вас. Не знам колку ќе трае овој сон, но нека биде вечен додека трае! Се гледаме наскоро таму каде што сум најмногу фасциниран, со истата гордост како и првиот пат и со истата желба да му помогнам на клубот – да се обнови НАЈДОБРИОТ КЛУБ ВО СВЕТОТ. Се вратив дома!“ напиша Алвес.

На неговиот статус со воодушевување реагираа Нејмар, Пјаниќ, Маскерано, Клајверт…

Алвес потпиша договор до крајот на сезоната, доаѓа како слободен играч. Ќе настапува повторно во клубот со кој освои 23 трофеи од кои 6 титули во Шпанија, 3 титули во ЛШ, 4 титули во Купот на кралот, 3 клупски СП и два европски Суперкупа.

Беше играч на Барса од 2008 до 2016 година. Одигра 391 натпревар, постигна 21 гол, а асистираше на 101 погодок.

Scroll to Top