Лидерот во францускиот шампионат ПСЖ без проблеми избори пласман во четвртфиналето на Купот. ПСЖ победи кај Сошо 4:1, а Анхел Ди Марија постигна хет-трик.
Аргентинецот го отвори резултатот по 60 секунди игра, а домаќинот израмни во 13.минута преку Мартин.
Ново нодство на ПСЖ му донесе Кавани по половина час игра, а Ди Марија во второто полувреме го постави конечниот резултат и го комплетираше хет-трикот.
Во самиот финиш на мечот голманот на ПСЖ Трап доби црвен картон, а бидејќи Унаи Емери ги имаше извшено трите замени на голот застана десниот бек Дани Алвеш. Бразилецот успеа да ја сочува својата мрежа.