Top Sport

Алвеш: Ако им требам на Барселона, знаат каде сум

Дани Алвеш вели дека би се вратил веднаш во Барселона, и дека е потребно само да му се јават ако го сакаат тоа.

Бразилецот помина осум успешни сезони на „Ноу Камп“ и сега е слободен играч откако си замина од Сао Пауло минатиот месец поради несогласувања за пари. Барселона е во тешка финансиска криза и во средината на табелата по спориот старт на сезоната, но Алвеш верува во потенцијалот на младиот тим.

„Знам дека ќе звучи многу опортунистички да кажам дека сега им требам на Барселона. Но, кога заминав кажав дека си одам бидејќи видов работи кои не беа исправни. Никогаш не сакаш да видиш нешто да заврши на таков начин. Кажав повеќе пати дека кога ќе им требам на Барса и кога ќе ме сакаат, ќе бидам достапен. Почитта и љубовта кон клубот е огромна. Ако мислат дека сум им потребен, треба само да ми се јават. Можам да помогнам било каде, но најмногу во Барселона поради бројот на млади играчи кои ги имаат“, вели 38-годишниот ветеран кој замина од Барселона во 2016 година.

Scroll to Top