Top Sport

Алвеш: Бразил и Германија се „еднакви“ (видео)

Дани Алвеш вели дека Бразил и Германија ќе пристигнат во Берлин за пријателскиот дуел во вторник како „еднакви“, иако се работи за првиот меѓусебен дуел по 7:1 победата на Германија во полуфиналето на СП во 2014 година.

Проценките за Светското првентво во Русија велат дека двата тима се меѓу фаворитите за титулата, и Алвеш вели дека дуелот на „Олимпијастадион“ ќе биде „светско класико“. Алвеш беше на клупата при историскиот пораз во Бело Хоризонте.

„Секогаш е тешко да се игра против тим на тоа ниво. Ова е светско класико. Како што повеќе пати сум кажал, минатото не можеме да го менуваме, можеме да ја менуваме само сегашноста. Ние имаме и добри спомени во дуелите со Германија, но сега има нво предизвик по тоа што се случи. Нема да биде лесно за двата тима“, вели Алвеш.

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен ќе биде капитен на „Селесао“ против Германија, четврти пат во кој добива таква чест под селекторот Тите, кој реши да не поставува постојан капитен.

„Нашиот тим има јасна еволуција по доаѓањето на Тите како селектор и очекуваме да го покажеме ова. Ова ќе биде најголем тест против противник каков што ќе имаме на Светското првенство“, додава Алвеш.

Фото: ЕПА

Scroll to Top