Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Дани Алвеш се извини ако „некој се почувствувал“ навреден за коментарите за капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почна на 31 година, но додаде дека „некогаш треба да бидеш лицемерен за да бидеш почитуван“.
На прес-конференцијата пред мечот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, Бразилецот изрази сочувство кон семејството на Астори, но потоа дода дека „во овој свет илјадници деца умираат секој ден, но никој не обрнува внимание на тоа“.
Ова, според многумина, беше малку „нечувствително“ во моментот во кој беше кажано, и италијанскиот фудбалер Марио Балотели се согласи со Бразилецот, но додаде дека „не давате такви коментари кога сте соочени со нечија смрт“.
Алвеш реши да одговори на коментарите на фудбалерот на Ница, Балотели, со делумно извинување.
„Ако Балотелињо навистина го кажа тоа, јас не се обидував да навредам никого. Ние живееме во свет во кој честопати треба да си лицемер за да бидеш почитувам. Во секој случај, ако некој бил навреден, јас се извинувам“, напиша Алвеш на својот Твитер профил.
Se o o Balotelinho falou tá falado, não tive intenção de ofender a ninguém, vivo em mundo que temos que ser hipócrita muitas vezes para que as pessoas gostem de ti but sorry ma people…. enfim, se alguém se sentiu ofendido, desculpaaa. https://t.co/L03x0HHZ39
— Daniel Alves (@DaniAlvesD2) March 8, 2018
Алвеш: Жал ми е за Астори, но деца умираат секој ден и никому не му е грижа