Top Sport

Алвеш: Сега кога не сум во Барса, можам да кажам дека го респектирам Роналдо

Дани Алвеш, кој сега игра во мексиканскиот Пумас, во разговор со својот соиграч Ефрио Веларде вели дека конечно може да зборува за тема која беше табу во времето кога беше фудбалер на Барселона.

„Го сакам Кристијано. Сега, кога веќе не сме во Барса и Мадрид, можам да зборувам, бидејќи претходно тоа беше невозможно. Кристијано е утеха за сите нас кои немаме исклучителен квалитет, дека со напорна работа можеш да се спротиставиш на најдобрите. Го почитувам многу и веќе имав шанса да му го кажам тоа. Како да не почитувам човек кој стигна до врвот со напорна работа? Се идентификувам со него, бидејќи тоа што го направив во кариерата и во животот го направив на таков начин. Како фудбалер сум многу поблиску до Кристијано отколку до Лео Меси поради работата, а не поради талентот“, вели Алвеш.

Scroll to Top