Top Sport

Алвеш: Жал ми е за Меси, во Аргентина за сè тој е виновен

Дани Алвеш вели дека му е жал за неговиот поранешен соиграч Лионел Меси, откако Бразил ја победи Аргентина со 2:0 за пласман во финалето на Копа Америка, благодарение на головите на Роберто Фирмино и Габриел Жесус.

Алвеш вели дека е нефер да го обвинуваат аргентинскиот капитен за лошите работи во нивната репрезентација.

„Да си најдобар фудбалер на светот мора да е тешко. Да загубевме вчера, целиот тим ќе беше виновен, но Аргентина кога ќе загуби, вината е на Лео. Жал ми е за него“, изјави Алвеш.

Меси: Игравме добро, судијата не оштети (Видео)

Scroll to Top