Top Sport

Алжир и Тунис на чекор од пласман на Мундијалот

Алжир и Тунис стигнаа до гостински победи за да дојдат на чекор до пласман на Светското првенство во Катар, додека ДР Конго и Мароко одиграа 1:1 пред дербито на вечерта помеѓу финалистите од Африканскиот куп на нации, помеѓу  Египет и Сенегал.

Ветеранот Ислам Слимани во 40. минута го постигна единствениот гол на мечот Камерун-Алжир за победа на гостите, додека во Мали, Муса Сисако си постигна автогол за Тунижаните да си заминат со 0:1 победа.

БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП, АФРИКА, 1.МЕЧ

ДР Конго – Мароко 1:1

Камерун – Алжир 0:1

Мали – Тунис 0:1

Египет – Сенегал 20.30 ч.

Гана – Нигерија 20.30 ч.

Scroll to Top