Алжирскиот селектор Џамел Белмади одби да одговори за неверојатното однесување на неговиот дефанзивец Рами Бенсаиби, кој ја искористи раката на Вилфрид Заха да се удри во обид да извлече црвен картон за противникот во мечот против Брегот на Слоновата Коска.
Бенсебаини стана „славен“ со видеото во кое се обидува да извлече црвен картон за Заха, но тоа не беше успешно бидејќи судијата воопшто не реагираше. Алжир по победата над пенали над БСК играат со Нигерија во полуфиналето во недела и Бенсаиди вели дека нема да го коментира однесувањето.
„Не сум сигурен дека ова е вистинското место за ова. Ако се обидувате да поставите притисок кон нас со тоа, не е вистинскиот начин. Има судија и има ВАР за такви работи“, изјави Белмади.
Нигерискиот селектор Гернот Рор исто така не сакаше да му дава на значење на инцидентот.
„Не го видовме тоа, туку ја гледавме тактичката ситуација во мечот и ја анализиравме нивната игра. Во секој меч има инциденти кои не се убави и тоа не не интересира“, изјави Рор.
Ramy #Bensebaini hitting himself with Wilfied Zaha’s arm to get the referee to show the red card. Pathetic. Pityful. Disgraceful. He should be banned for the rest of the tournament. Period. #ALGCIV #AFCON2019 pic.twitter.com/XGHeI0bDlf
— Mobile Wins (@Mobile_Wins) July 12, 2019