Top Sport

Погба со додавање со петица, Јунајтед ги победија Перт глори (видео)

Манчестер јунајтед ја отвори сезоната на подготвителни мечеви пред новата сезона, откако во Австралија со 2:0 го победија шампионот од А-лигата, Перт глори, а Пол Погба, човекот околу кого цело лето се шпекулираше дека ќе замине од Јунајтед имаше асистенција со петица за првиот гол.

Оле Гунар Солскјер им даде шанса на многу фудбалери, откако целосно го смени тимот во второто полувреме, и речиси сите добија шанса, освен Ромелу Лукаку, кој не беше во составот за мечот.

Погба, пак, влезе во второто полувреме и во 60. минута имаше прекрасна асистенција до Маркус Рашфорд за да го отвори резултатот. Џејмс Гарнер, 18-годишниот талент на Јунајтед во 85. минута ги постави конечните 2:0 со убав удар од далеку.

Scroll to Top