Top Sport

Американци ја преземаат Сампдорија, Вијали ќе биде претседател

Фудбалскиот клуб Сампдорија наскоро треба да добие нов сопственик. Клубот од „Мараси“ стадионот ќе премине во рацете на американската компанија „Јорк капитал менаџмент“.

Сампдорија е во сопственост на контроверзниот Масимо Фереро од јуни 2014 година. Тој бил подготвен да го продаде својот дел и да се повлече од клубот.

Американците, според италијанските медиуми, имале големи планови, наводно веднаш по преземањето ќе вложеле 120 милиони евра. Голема поддршка во водењето на клубот ќе имале од легендата на Сампдорија, Џанлука Вијали.

Вијали, кој неодамна станал технички директор на британската компанија „Санрајс спорт лимитед“, би требало да ја добие претседателската функција.

Поранешниот напаѓач на Италија, односно на Челси и Јувентус, најголемиот дел од кариерата го минал во Сампдорија (1984-1992).

Scroll to Top