Американското министерство за правда објави извештај и тврди дека Русија со поткуп ја добила организацијата на Светското првенство во фудбал во 2018 година. Извештајот покажувал дека поранешниот претседател на ФИФА Сеп Блатер примил поткуп од руски олигарх.
Русија, во 2018 година, организацијата на Мундијалот во 2018 година ја доби пред Англија и заедничките кандидатури на Шпанија и Португалија, односно Белгија и Холандија.
За можните проблеми со корупцијата медиумите пишуваа и претходно, а сомнежите се дека со поткуп и Катар ја добила организацијата на Светското првенство во 2022 година.
Извештајот напишан на 430 страници бил објавен во понеделникот и бил дел од истрагата на ФБИ во врска со претседателските избори во САД во 2016 година. Дел од извештајот е и извештајот што го поднел поранешниот припадник на британската тајна служба, Кристофер Стил.
Британецот тврди дека руски олигарх ја купил организацијата на Светското првенство.
„Во јуни 2011 година Стил поднел извештај за наводен разговор помеѓу тогашниот претседател и премиер на Русија, Дмитри Медведев и Валдимир Путин. Во разговорот Путин признал дека неименуван руски олигарх ја купил организацијата на Мундијалот. Потоа во 2012 година Стил се сретнал со други двајца оперативци на британската тајна служба кои имале информации за поткупот. Тие успеале да дојдат до близок човек на Путин кој потврдил дека било платено за Русија да ја одбие организацијата на СП“, стои во еден дел од извештајот.
Поранешниот претседател на ФИФА во извештајот не е посочен со име и презиме, но јасно е дека се работи за него бидејќи тогаш тој бил прв човек на Светската фудбалска федерација.
Блатер од позицијата се повлече поради корупција, а потоа доби шест годишна забрана за работа во фудбалот.
Извештајот се појави веднаш по одлуката на ВАДА да им забрани настап на руските спортисти настап на големите меѓународни натпреварувања поради допинг-скандалот.