Top Sport

Серхио Рамос: Треба да направат три „Златни топки“

Лионел Меси минатата недела шести пат во кариерата ја доби престижната „Златна топка“. Во изборот на „Франс Фудбал“ зад Меси останаа фудбалерот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк, односно Кристијано Роналдо од Јувентус, инаку петкратен добитник на оваа награда.

Како и при секој ваков избор има полемики дали лауреатот ја заслужил наградата или истата требало да ја добие некој друг фудбалер.

Интересно решение на овој проблем понудил капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

„Треба да направат три „Златни топки“. Една за меси, една за Роналдо и една за сите останати“, предложил Рамос.

Scroll to Top