Ливерпул до крајот на преодниот рок има желба да го ангажира одбранбениот играч на Њујорк Ред Бул, Арон Лонг. Информацијата ја објави ЕСПН, повикувајќи се на неколку извори.
Ливерпул и Јирген Клоп, сезонава се соочуваат со големи проблеми во дефанзивниот дел од тимот. Ван Дајк и Џо Гомес се на рехабилитација од крајот на октомври, Жоел Матип, против Тотенхем ја обнови повредата, а повреден и е Фабињо, кој иако не е централен дефанзивец, со успех ја покрива оваа позиција.
Арон Лонг, има 28 години, а Ливерпул не е единствениот клуб што покажува интерес за неговите услуги. ЕСПН, тврди дека настапите на репрезентативецот на САД, подолг период ги следат клубови од Англија и Франција.
Доколку Ливерпул навистина имаат намера да го ангажираат Лонг ќе мора да побрзаат бидејќи преодниот рок завршува во понеделник.