Американскиот бизнисмен, Крис Киршер, имал намера да го купи англискиот фудбалски клуб Дерби каунти. Дерби се во стечај од пред два месеци, лигата ги казни со одземање на 12 бодови.
Стечајниот управник, за англиските медиуми, открил дека постојат неколкумина заинтересирани да го купат клубот. Дерби каунти се жалеа на одлуката, бараат да им бидат вратени одземените бодови.
Киршер (34) е основач, сопственик и извршен директор на компанијата за логистика „Slyniv.io“.
Дерби каунти е клуб со богата историја и со една од најдобрите навивачки групи во Англија. На кормилото на клубот се наоѓа легендата на Манчестер јунајтед, Вејн Руни.