Top Sport

Американецот Дест доаѓа во Барселона

Барселона ја доби битката со Баерн Минхен околу потписот на талентираниот десен бек на Ајакс Сержињо Дест. Челниците на барселона ги искористиле врските кои со клубот ги има актуелниот спортски директор на Ајакс Марк Овермарс за го договорат трансферот.

Барселона за услугите на младиот репрезентативец на САД ќе плати фиксни 20.000.000 евра, а преку бонусите во касата на Ајакс ќе се слеат уште 5.000.000 евра.

Според медиумите Дест ја одбрал Барселона бидејќи таму сигурно ќе биде во стартниот тим, додека во Баерн за конкуренти на позицијата десен бек би ги имал Бенжаман Павар и Џошуа Кимих.

Дест доаѓа на „Ноу Камп“ на местото на Рубен Семедо кој за 38.000.000 евра се пресели во Вулверхемптон.

Scroll to Top