Top Sport

Американски инвеститори заинтересирани за Челси

Американски инвеститори и други мултинационални компании се подготвени да го купат англискиот премиерлигаш Челси доколку Роман Абрамович се реши да го продаде, чекајќи на дополнителни објаснувања од британската влада, јавува „Блумберг“.

Британскиот премиер Борис Џонсон постави „најголем пакет“ на ограничувања и санкции кон руски бизнисмеи, но Абрамович засега не е опфатен со мерките. Според „Блумберг“, едни инвеститори веќе биле подготвени да дадат 1.5 милијарди фунти за гигантот од Лондон.

Абрамович го направи богатството во нафтниот бизнис по колапсот на СССР во 1990-тите, и го купи Челси во 2003 година, и според „Блумберг“ има богатство од 9.7 милијарди фунти.

Scroll to Top