Top Sport

Хамилтон и Расел на врвот, Мерцедес силно го завршија тестирањето во Барселона

Мерцедес „покажаа заби“ на последниот ден од тридневното тестирање на патеката Каталуња покрај Барселона, поставувајќи убедливо најбрзо време со 1-2 на Луис Хамилтон и неговиот нов колега, Џорџ Расел, за речиси четири десетинки подобро време од ривалите од Ред бул.

Хамилтон, кој влезе во болидот во попладневната сесија, го постави најдоброто време во последните минути од сесијата, подобрувајќи го веќе импресивното време на Расел од утринската сесија. Возачите првиот дел од попладневната сесија во Барселона возеа на влажна патека, откако снабдувачот на гуми „Пирели“ побара дополнителни податоци од тимовите.

Себастијан Фетел беше петти во Астон Мартин, по што следуваа возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс, пред двојката на Вилијамс, Александер Албон и Николас Латифи.

Scroll to Top