Top Sport

Американскиот милијардер Кренке планира да го купи цел Арсенал

Американскиот милијардер, Стен Кренке направил понуда да ги откупи сите акции на Арсенал во договор со кој вредноста на премиерлигашот се поставува на околу 1.8 милијарди фунти, откако рускиот бизнисмен Алишер Усманов се откажа од обидот да го преземе клубот.

Кренке, кој исто така е сопственик на американскиот НБА тим, Денвер нагетс и на НФЛ клубот Лос Анџелес рамс вели дека со целосна контрола на тимот ќе може да се води стратегијата на клубот.

„Со оваа понуда ќе имаме 100 отсто од сопственоста на клубот. Му благодариме на г-дин Усманов за посветеноста на Арсенал и на историјата на клубот“, вели Кренке.

Кренке, кој веќе има 67 отсто од клубот, добил понуда од Усманов за преостанатите 30 отсто од клубот, по што ќе ги откупи и независните помали акционери. Арсенал почнува нова ера оваа сезона по 22 години со Арсен Венгер на чело, откако го донесоа поранешниот тренер на ПСЖ, Унаи Емери.

Усманов „крева раце“ од Арсенал

Scroll to Top