Top Sport

Бераино наместо за Англија ќе игра за Бурунди

Напаѓачот на Стоук сити, Саидо Бераино ќе може да настапи за Бурунди на квалификациите за Африканскиот куп на нации следниот месец, откако ФИФА го одобри неговото барање да ја смени својата националност.

25-годишниот Бераино е поранешен англиски репрезентативец до 21 година, и побара „трансфер“ во Бурунди откако ги загуби надежите дека ќе биде повикан во репрезентацијата на Англија.

Бераино дојде во Велика Британија како 10-годишно дете со неговата мајка и неговите браќа. Тој доби политички азил по етничките конфликти во малата земја во источна Африка. Бурунди играат со Габон во вториот меч од квалификациите во групата Ц, откако во првиот меч со 3:0 ги совладаа Јужен Судан.

Scroll to Top