Top Sport

Американските фудбалерки добија 24 милиони долари од федерацијата

Групата од 28 фудбалерки од американската репрезентација се договорија со Американската фудбалска федерација (УССФ) за исплата на 24 милиони долари по тужбата за нееднавкост во однос на платите на фудбалерите и фудбалерките.

Фудбалерките ќе добијат сума од 22 милиони долари веднаш, а дополнителни 2 милиони долари ќе се посветат на добротворни цели за развој на женскиот фудбал, со стипендии до 50.000 долари. Ова е крај на долгата легална битка која американските фудбалерки ја водеа со федерацијата од 2019 година.

„Нема правда во ова освен тоа да се осигураме дека нема да се повтори. Со договорот за работните услови кој е дел од колективниот договор ќе има еднаквост. Ова е голема победа на женскиот спорт и посебно, женскиот фудбал“, изјави првата ѕвезда на американскиот тим, Меган Рапино.

Scroll to Top