Top Sport

Амиен бара помош против неправедното испаѓање од првата лига

Амиен побара од своите фанови да ја потпишат петицијата против одлуката на Лига 1 да ги прати во втора лига со предвремениот крај на сезоната, велејќи дека е потребна „правда“.

Одлуката на француската влада да ги забрани сите спортски настани до септември поради корона вирусот значеше предвремен крај на шампионатот во моменти кога повеќето клубови имаа по 10 натпревари за играње и ЛФП објави дека конечната табела се одлучува според поени-по-натпревар. Ова значеше дека Амиен има 0.14 помалку поени од Ним, што значи дека тие заедно со Тулуз одат во Лига 2.

Клубот откри дека размислува за тужба против лигата, а сега побараа навивачите да се потпишат на онлајн петицијата.

„По одлуката Амиен да биде пратен во Лига 2 по само 28 натпревари, ние покренавме петиција за да се бара правда во оваа одлука која се противи на ферплејот. Амиен бара ЛФП да ја разгледа позицијата и да формира Лига 1 со 22 клуба за 2020/21. Навивачи на Амиен и фудбалски љубители поддржете ја нашата иницијатива за фер спорт“, се вели на веб-сајтот на клубот.

На местото на Тулуз и Амиен, ЛФП одлучи од следната сезона прволигаши да се Лориен и Ленс.

Scroll to Top