Манчестер јунајтед исадна од Фулам во осминафиналето на ФА Купот. На „Олд Трафорд“ Фулам ја доби пенал серијата со 4:3, откако по 90 и 120 минути игра резултатот беше 1:1. Бернд Лено ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошува Зиркзе во четвртата и петтата серија.
По завршувањето на натпреварот, легендата на Јунајтед Вејн Руни, изјави дека тренерот Рубен Аморим бил наивен, кога по доаѓањето во клубот на навивачите им ја ветил титула во Премиер лигата.
„Тој вели дека сака да ја освои Премиер лигата, но како можат да се натпреваруваат? Тие треба да обидат да се искачат што е можно повисоко на табелата. Мислам дека е малку наивно да се каже дека се стремите да ја освоите Премиер лигата, бидејќи таму каде што се сега, тие се далеку од тоа“, рече Руни за Би-Би-Си.
Аморим за коментарот на Руни го изветиле новинарите на прес конференцијата по натпреварот со Фулам.
„Наивно е да се мисли дека ќе го направиме тоа оваа сезона или ќе бидеме најголемиот предизвикувач следната сезона. Верувам дека сите знаат сè во овој момент. Бев професионален консултант откако ја завршив кариерата. Знам дека е лесно да седиш и да критикуваш“, рече Португалецот
Поранешниот тренер на Спортинг истакна дека клубот од Манчестер нема да се откаже од својот „Проект21“, кој има за цел да ја донесе титулата во англискиот шампионат на „Олд Трафорд“ до 2028 година, кога ќе се прослави 150-тиот роденден на клубот.
„Знам дека губиме натпревари и трофеи оваа сезона, но целта е да ја освоиме Премиер лигата. Не знам колку време ќе ни треба за да го направиме тоа, но тоа е нашата цел. Ако мислите така, можете малку да страдате од овие порази, понекогаш премногу, но ние имаме цел и продолжуваме да одиме напред без разлика на се“, заклучи Аморим.