Top Sport

Аморим: Најголемата победа откако го водам Јунајтед

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, конечно се радуваше на голема, многу важна победа откако седна на клупата на славниот тим.

Неговиот тим го победи Ливерпул во најголемото дерби на англискиот фудбал со резултат од 2:1 на „Енфилд“.

„Мислам дека ова е најголемата победа во мојата кариера на клупата на Манчестер. Денес значи многу, но нема да значи многу утре. Тоа се само три бода и убава победа“, рече Аморим по победата.

Јунајтед започна совршено, поведе во 62-та секунда и совршено го заврши натпреварот – со голот на Хари Магваер во 83-та минута за 2:1.

„Се боревме за секоја топка, ја изгубивме самоконтролата во второто полувреме, но духот беше тука и тоа е најважно. Ако имате дух, можете да победите во секој натпревар. Беше добар ден за нас и сега ме интересира само Брајтон. Ќе уживам, но да се фокусираме на Брајтон“, рече Португалецот.

Аморим е среќен и поради фактот што за прв пат откако го презеде Јунајтед, неговиот тим врза две победи во Премиер лигата.

Scroll to Top