Фудбалерите на Манчестер јунајтед го претрпеа 10. пораз во 22. коло од англиската Премиер лига. Јунајтед загуби од Брајтон со 3:1 на „Олд Трафорд“. Тоа беше трета последователна победа за Брајтон во сите натпреварувања и осми натпревар во низа без пораз, додека Јунајтед го победи само последнопласираниот Саутемптон во последните шест кола.
Манчестер јунајтед загуби три од поеследните четири натпревари на домашен терен. На последните шест натпревари во лигата има само една победа.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим беше разочаран од нов пораз.
„Од 10 натпревари во Премиер лигата победивме два. Замислете што значи ова за навивачите. Замислете како јас се чувствувам. Значи, дојде нов тренер кој губи повеќе од претходниот тренер. Целосно сум свесен од тоа“, започна Португалецот.
„Како што кажав, нема да се променам, без разлика на се. Знам дека можеме, но треба да го преживееме овој момент. Не сум наивен и знам дека сега треба да преживееме. Ние сме можеби најлошиот тим во историјата на Манчестер јунајтед. Знам дека сакате титули, но јас го велам ова затоа што мораме да се промениме. Еве ви ова е за вашите насловни страници“, заврши Аморим.