Top Sport

Аморим: Тешко ни е, но имаме план

Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим на прес-конференцијата во пресрет на реваншот од осминафиналето на Лига Европа против Реал Сосиедад, се осврна на различни теми, вклучително и она што го очекува неговиот тим следната сезона.

Единствена шанса Манчестер јунајтед следната сезона да игра во Лигата на шампионите е Лигата на Европа. Се разбира, само ако успее да ја освои. За да останат во игра мора да победат во реваншот на „Олд Трафорд“ против Реал Сосиедад, по ремито 1:1 во Сан Себастијан.

„Ја имаме Лига Европа и преку неа можеме да стигнеме до Лигата на шампионите. Никогаш не се знае“, рече Аморим, посочувајќи дека постои план и ако тимот не успее да стигне до елитното натпреварување.

„Имаме план. Знам, тешко ни е. Но, најважно е да имаме план и да знаеме кои играчи треба да ги доведеме“.

Scroll to Top