Менаџерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим, одговори на новинарските шпакулации дека Бруно Фернандеш би можел да го засили Реал Мадрид.
Фернандез беше поврзуван со Реал Мадрид и преселба во супер тимот кој Флорентино Перез би сакал да го создаде, но се чини дека тоа нема да се случи.
„Не, тоа нема да се случи. Тој нема да оди никаде. Му кажав дека нема да оди никаде“, им одговри Аморим на англиските новинари.
Фернандеш е најдобриот фудбалер на Јунајтед оваа сезона. На многу натпревари тој беше човекот на одлука, па сосема е нормално и очекувано дека Аморим не сака да се откаже од најдобриот играч.